Тест на издржливост: OnePlus 10 Pro се крши на половина со раце

Објавено на 23.02.2022 во Новости



Тест на издржливост: OnePlus 10 Pro се крши на половина со раце

Класичните смартфони тешко може да се скршат на половина само со раце. OnePlus 10 Pro може да се скрши со раце, а тоа не е воопшто добра вест за сопствениците на овие уреди. Познатиот youtuber Зек Нелсон го води каналот JerryRigEverything, каде што има 7,5 милиони следбеници и таму го демонстрира тестирањето. 

OnePlus 10 Pro пристигнал за тестирање и на видео записот може да погледнете како со своите две раце го скрши телефонот на половина. Погледнете подетално што се случува на видеото одозгора.