Samsung Galaxy A73 излезе на FCC листата со 25W брзо полнење

Објавено на 24.02.2022 во Новости



Samsung Galaxy A73 излезе на FCC листата со 25W брзо полнење

Имаме нов модел на списокот на страницата на FCC (Federal Communications Commission)  за следниот Samsung Galaxy A73 5G. FCC листата обично не ни дава многу информации за следните модели, но сепак излезе дека Galaxy A73 5G ќе биде со кодно име SM-A736B и ќе има поддршка за брзо полнење до 25W, во зависност од адаптерот.

Се разбира, брзината на полнењето на Galaxy A73 нема да биде ништо во споредба со брзото полнење од 45W кај новиот Samsung Galaxy S22 Ultra, но нема да биде лошо воопшто. Samsung Galaxy A73 ќе биде со батерија од 5,000mAh, која ќе се полни до 100% за само 27 минути. 

Galaxy A73 FCC доаѓа со Wi-Fi 6, што е најновиот стандард на Wi-Fi мрежата, NFC, и непозната верзија на Bluetooth. Galaxy A73 се очекува да пристигне со 6.7-инчен Full-HD+ (1080x2400 pixels) Super AMOLED дисплеј со 90Hz и задна камера од 108MP + 12MP + 8MP + 5MP. Селфи камерата би требало да биде 32MP.





Прочитајте повеќе: