Сиверт Клефсаас издржал 6 години без социјални мрежи до 18г. за 1.800 долари

Објавено на 25.02.2022 во Новости



Сиверт Клефсаас издржал 6 години без социјални мрежи до 18г. за 1.800 долари

Тинејџерот Сиверт Клефсаас издржал шест години без социјални мрежи, затоа што мајка му ветила дека ќе му даде 1800 долари кога ќе наполни 18 години, ако успее во тоа.

„Мислев дека е прекрасно... Си помислив: Ах, што се 6 години?“, вели Сиверт.

Мајка му Лорна Клефсаас била инспирирана од предизвикот што го слушнала на радио наречен „16 за 16“, каде што мајка и ветила на ќерка си дека ќе и даде 1.600 долари кога ќе наполни 16 години, само доколку издржи без социјални мрежи.

На 19 февруари 2022 година, поминале точно 6 години, па така Сиверт ја побарал својата награда. Се разбира, мајка му го исполнила ветувањето.