Oppo го претстави новиот предводник Find X5 Pro

Објавено на 26.02.2022 во Новости



Oppo го претстави новиот предводник Find X5 Pro

Oppo ги претстави Find X5 и Find X5 Pro, кои имаат подобрувања кај батеријата и процесирањето на фотографии во самиот квалитет при изработката. Pro верзијата доаѓа со AMOLED екран од 6,7 инчи и резолуција од 1440x3216 пиксели со адаптивна фреквенција на освежување од 120Hz, Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 процесор и 12GB RAM меморија. Задната камера е составена од Sony сензор од 50MP со бленда f/1.7, секундарен Sony сензор од 50MP со отвор на бленда од f/2.2 и 13MP телефото камера. Од предната страна се наоѓа 32MP камера за снимање на селфи.

Новоста на новите Oppo телефони е MariSilicon X чипот, што сами го развиле со цел подобрување на резултатите кај фотографирањето, но треба да се нагласи дека камерата е направена во соработка со Hasselblad. Телефонот работи со Android 12, кој има и 5G поддршка и USB-Type C, IP68 сертификат, батерија од 5000mAh со 80W брзо полнење и сензор за отпечатоци на прсти вграден во екранот. Внатрешната меморија изнесува 256GB.

Find X5 ја има истата верзија на Android, има 6,55-инчен екран со 1080x2400 пиксели и 120Hz. Под хауба има послаб процесор Qualcomm Snapdragon 888 и 8GB RAM меморија. Тројната задна камера се состои од 50MP + 13MP и 32MP предна камера. Цената на Pro моделот изнесува 1299 евра, додека Find X5 е поевтин 999 евра.