Google го исклучи следењето на сообраќајот на мапите во Украина

Објавено на 01.03.2022 во Новости



Google го исклучи следењето на сообраќајот на мапите во Украина

Alphabet ја исклучи услугата за сообраќајни информации во релно време во Украина преку својот софтвер за навигација на Google Maps, поради заштита на населението во ова време на руска инвазија. Компанијата објави дека мерката ја презема во консултација со украинските власти поради заштита на населението.

Google собира податоци за локацијата преку смартфоните со оперативен систем Android и ги користи за препознавање на сообраќајните чепови или други поголеми потешкотии во сообраќајот. Во Украина тоа овозможуваше во реално време да се следи дали цивилите се заглавени во сообраќајни метежи во момент кога бегаат пред навала од руските војници. Google Maps апликацијата се уште останува во функција во Украина. 

Автор: Aleksandar Stankov