Хакери ги блокирале руските медиуми: Спречете го ова лудило, ова не е наша војна!

Објавено на 01.03.2022 во Новости



Хакери ги блокирале руските медиуми: Спречете го ова лудило, ова не е наша војна!

Интернет страниците на руските медиумски куќи се на мета на хакерите, TASS биле недостапни, а на нивната интернет страница е објавена антивоена порака и повик да се спречи инвазијата на Владимир Путин во Украина.

„Ве молиме да го спречите ова лудило, не испраќајте ги своите синови и мажи во сигурна смрт. Путин на приморува да лажеме и ја загрозува нашата безбедност.... Тоа не е наша војна, да го спречиме!“, пишува на страницата на TASS, со потпис од Anonymous

Истовремено, на Twitter е објавена информација дека дури 12 руски и една белоруска интернет страница на медиуми биле привремено недостапни, на кои што била објавена истата порака. Се појавиле и снимки од станици за полнење на електрични возила наводно од Москва, на чии екрани пишува дека дека се дава поддршка за Украина и не се дозволува полнење на електрични возила. Погледнете го видеото на овој линк.