Инстаграм: IGTV нема да постои, ќе има само Инстаграм видео

Објавено на 02.03.2022 во Новости



Инстаграм: IGTV нема да постои, ќе има само Инстаграм видео

Инстаграм го отстрани IGTV како посебна апликација и го воведе само Инстаграм видео како видео. Се разбира, Марк Цукерберг не смее да мирува после тоа што ТикТок ги собра повеќето корисници кај себе и доживеа енормно висока популарност и посетеност. 

Инстаграм целосно ја укинува IGTV заедно со рекламите и фокусот го префрла на Reels, кои се супер популарни и навистина практични за гледање, со оглед на тоа што за брзо време може да изгледате многу видеа, поучни и забавни со филтри и музика во позадина.