Украинскиот претседател му се заблагодари на Илон Маск за помошта

Објавено на 07.03.2022 во Новости



Украинскиот претседател му се заблагодари на Илон Маск за помошта

Украинскиот претседател Володомир Зеленски се заблагодари на технолошкиот милијардер Илон Маск што ја поддржува Украина со својот сателитски интернет систем Starlink. Следната недела ќе добиеме уште една серија од системот на Starlink за уништените градови, напишал Зеленски и му се заблагодарил на Маск „затоа што ја поддржува Украина со зборови и со дела“.

Украинскиот челник рекол дека разговарале и за „можните вселенски проекти. Но, за тоа ќе разговараме кога ќе заврши војната“, вели Зеленски. Starlink, системот на Маск во компанијата SpaceX, ќе им овозможи пристап кон интернет на Украинците доколку се уништи телекомуникациската мрежа во борби.