Стелт верзијата на Омикрон е доминантна во Македонија

Објавено на 08.03.2022 во Новости



Стелт верзијата на Омикрон е доминантна во Македонија

Омикрон стелт варијантата стана доминантна во државата, со тоа што е потврдена кај 54 од 94 анализирани примероци, што изнесува 57,5% од вкупниот број тестови што пристигнале во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ, во периодот од 28 февруари до 5 март.

Анализирани се примероци од ковид-позитивни пациенти од Скопје, Кавадарци, Тетово, Свети Николе, Кочани, Прилеп, Кратово и од Гевгелија. Министерството за здравство во меѓувреме започна со кампања преку СМС пораки за зголемување на процентот на имунизација за прва и трета доза. Министерството ги повикува сите граѓани да се вакцинираат, со предлог на точни термини и локација преку системот на Мој термин. За два дена се иле вакцинирани 1.500 граѓани.