Протече првата слика со следниот темно зелен iPhone 13

Објавено на 08.03.2022 во Новости



Протече првата слика со следниот темно зелен iPhone 13

Настанот Apple's Peek Performance ќе се одржи денес и ќе бидат откриени новите модели на iPhone SE 3, iPad Air 5, нови Mac модели со надворешни дисплеи. Според 9to5Mac, компанијата најверојатно ќе ја открие новата боја на iPhone 13 - темно зелена.

Apple веројатно ќе ја претстави темно зелената верзија со iPhone 13, која што може да ја погледнете и на сликата одозгора, што ќе биде сенка на минт зелената верзија на iPhone 12 и полноќно зелената верзија на iPhone 11 Pro. Под хауба ќе го има A15 Bionic процесорот и двојна задна камера. Телефонот го има во ѕвездена, полноќна, сина, розева и црвена верзија. iPad Air пристигнува со A15 Bionic процесор и 5G конекција, 12MP Ultra Wide предна камера со Center Stage алатка.





Прочитајте повеќе: