Samsung A-серијата го следи трендот без полнач во кутијата

Објавено на 08.03.2022 во Новости



Samsung A-серијата го следи трендот без полнач во кутијата

Samsung ја претстави новата 2022 A-серија во САД. Galaxy A13 5G и A03s излегоа на веб страницата со цена од $249.99 и $159.99, соодветно. Новата A-серија е одлична со спецификациите и цената. 

Galaxy A13 пристигнува со 50MP главна камера и 5000mAh батерија, 6.5" екран со 1080p и 90Hz, додека A03 е со батерија од 5000mAh и 13MP главна камера со HD+ резолуција на екранот. Во кутијата на Samsung 2022 A-серијата нема полнач, што е само следење на најновиот тренд за универзален полнач, кој ќе се фаќа за сите телефони.