Новиот компјутер на Apple со најмоќни компоненти и монитор над 10 илјади долари

Објавено на 09.03.2022 во Новости



Новиот компјутер на Apple со најмоќни компоненти и монитор над 10 илјади долари

Синоќешната конференција на Apple го стави iPhone SE во фокусот на вниманието, како и новиот модел на Mac, кој што изгледа како повисок Mac mini, однсоно Mac mini за професионалци. Mac Studio е специфичен затоа што е прв Apple компјутер со најновиот и најмоќниот чипсет. Компјутерот е достапен во две варијанти: една со M1 Max чип, а другата со споменатиот нов чип M1 Ultra. Цената на основниот модел ќе биде 3.999 долари.

Тоа е цена за основниот модел што може дополнително хардверски да се надгради, а со подобар хардвер, расте и цената. Надградбата на графиката со 48 јадра на 64 јадра ќе чини дополнителни илјада долари, додека корисниците што сакаат повеќе меморија (128 наместо 64GB) ќе платат уште 800 долари. Најголемиот дополнителен трошок е меморирањето на податоци и тие што ќе се одлучат за максимално достапните 8TB ќе треба доплата со 2.200 долари. 

Претставен е Apple мониторот Studio Display со цена од 1600 долари, кој исто така може да се надгради со поинаков држач, кој пак овозможува подесување на висината на мониторот и премиум стаклото кое што го намалува отсјајот, што чини дополнителни 700 долари или вкупно 2300 долари. Уредот станува достапне на пазарот од 18 март.





Прочитајте повеќе: