HBO Max услугата од денес достапна во Македонија, подобра замена за HBO GO

Објавено на 10.03.2022 во Новости



HBO Max услугата од денес достапна во Македонија, подобра замена за HBO GO

HBO GO сервисот се заменува со новата апликација HBO Max, која што нуди повеќе содржини и нови опции на претплата за нови претплатници. Од денес во Македонија и регионот е достапен американскиот стриминг сервис HBO Max, слична услуга како досегашната. Ако сакате самостојна претплата, HBO Max ќе ве чини 6,99 евра месечн, но ако станете претплатници до крајот на март, цената ќе биде 4,66 евра, перманентно, односно доживотно.

За разлика од претходникот, HBO Max нуди нешто повеќе содржини, па така на располагање ќе ви бидат каталозите на Warner Bros, HBO, Max Originals production, DC и Cartoon Network. HBO Max апликациите се веќе достапни на Play Store и App Store, а до сервисот може да се пристапи на овој линк. HBO Max овозможува истовремено гледање на содржините на три уреди. Секоја претплатничка сметка ќе поддржува креирање до пет профили, што го немаше кај HBO GO. Филмовите и сериите може да се преземат на уредот и да се гледаат без пристап кон интернет, а избраните содржини се достапни и во резолуција, без дополнителна наплата.