Porsche целосно го стопира производството на сите модели

Објавено на 10.03.2022 во Новости



Porsche целосно го стопира производството на сите модели

Поради неконтролираниот конфликт со Украина, германската автомобилска индустрија има големи проблеми со недостиг на полупроводници и снабдувањето со компоненти за автомобилите. Volkswagen веќе воведе прекини во производството на одредени делови и модели на автомобили, додека Porsche исто така не е поштеден.

Porsche овој месец то стопира производството на сите модели, што би можело да дојде до целосен прекин на производството. Се разбира, се работи за привремено прекинување со работата, но тоа ќе ги зголеми проблемите со понудата на автомобили на пазарот, и ќе дојде до други несакани ефекти.