Бил Гејтс ја најави електронската тетоважа за следење на податоци за личното здравје

Објавено на 11.03.2022 во Новости



Бил Гејтс ја најави електронската тетоважа за следење на податоци за личното здравје

Бил Гејтс ја претстави електронската тетоважа од компанијата Chaotic Moon, која што поседува биотехнолошки уред што анализира и собира информации од човечкото тело. Електронската тетоважа може да складира здравствени информации за човекот, со кои што ќе може да се спречат и контролираат заболувањата и со текот на времето, да го подобриме нашето лично здравје, како што тоа го прават спортистите. 

Е-тетоважата е сè уште во фаза на развој, но познато е дека ќе се имплантира во кожата со мали сензори и микро-уреди, кои што испраќаат и примаат важни податоци со помош на специјално мастило на струја. Бил Гејтс ја замислува ваквата технологија како ефикасен начин за испраќање на повици, пораки и проверување на електронска пошта. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: