Наскоро почнува продажбата на електричниот легендарен Volkswagen

Објавено на 11.03.2022 во Новости



Наскоро почнува продажбата на електричниот легендарен Volkswagen

Пет години после претставувањето на овој концепт на електрично комбе од Volkswagen, базиран на моделот Microbus, конечно е претставена официјалната верзија што излегува во продажба. ID Buzz ќе може да се купи на европскиот пазар оваа година, додека американските корисници ќе мора да почекаат до 2024.

Електричното возило е наменето за фамилија и авантуристи, достапно во верзија за 5, 6 и 7 лица. VW многу нешта надградил кај ова возило во споредба со верзијата од 2017 година и се уште останува непознато колку ќе чини, со максимална брзина до 145 km/h.