Анонимуси објавија видео порака за граѓаните на Русија: Тргнете го Путин од власта

Објавено на 13.03.2022 во Новости



Анонимуси објавија видео порака за граѓаните на Русија: Тргнете го Путин од власта

Хакерската група Anonymous објави видео порака преку Twitter за руските граѓани. Тие ги повикуваат Русите да станат против Путин и да го отстранат од власта. Според преводот од коментарите на Twitter, маскираниот припадник на Anonymous вели: Заробени сте зад железните завеси на пропагандата, а вашата влада се обидува да спречи да бидете дел од меѓународните разговори, од страв поради она што би можеле да го дознаете“.

Сите го осудуваат претседателот на Русија, Владимир Путин, за воен злочин и инвазијата против Украина, што предизвика голема бегалска криза и голем број на смртни случаи. Погледнете го видеото на овој линк.