Huawei го претстави првиот професионален Watch GT Runner часовник за оние што трчаат

Објавено на 14.03.2022 во Новости



Huawei го претстави првиот професионален Watch GT Runner часовник за оние што трчаат

Huawei претстави часовник специјализиран за тркачите, односно за сите оние што се занимаваат малку посериозно со трчање. Watch GT Runner има нова Huawei TruSeen 5.0+ технологија за следење на отчукувањата на срцето, која што овозможува точен динамички пулс и следење на количеството на кислород во крвта, а има и скриена антена со двопојасен GNSS чип од пет сателитски системи за точно позиционирање.

Професионалниот систем за трчање Huawei TruSport, на корисниците им овозможува аналитика, со интензитет на тренингот, обемот на тренингот и времето на закрепнување. Новиот систем за мерење на способноста за трчање се мери со параметрите на RAI (Индекс за способност за трчање). Новата TruSeen 5.0+ технологија има надграден модул за отчукувања на срцето, подобро следење на отчукувањата на срцето и повеќе влезен сигнал и општо подобрена точност за следење на отчукувањата на срцето за време на напорен тренинг. 

Автор: Aleksandar Stankov