Протече првата официјална слика со Samsung Galaxy A73

Објавено на 14.03.2022 во Новости



Протече првата официјална слика со Samsung Galaxy A73

Samsung ќе ја лансира Galaxy A серијата на смартфони следниве недели. Galaxy A73 сега го имаме со слика за да провериме како ќе изгледа. Се разбира, од предната страна телефоните се со целосен екран, единствената разлика е задниот панел.

Samsung Galaxy A73 протече од 91Mobiles, од кого се очекува Qualcomm Snapdragon 778G процесор со 5G конекција, 6/8GB RAM + 256GB внатрешна меморија и масивна батерија од 5,000mAh и 25W брзо полнење.

Има огромен 6.7-инчен Super AMOLED Infinity-O дисплеј со FHD+ резолуција и 120Hz, како и сензор за отпечатоци под екранот. Главниот сензор на камерата изнесува 108MP, 12MP ултра широка камера, 5MP макро и 5MP длабочинска камера. Galaxy A73 секако излегува во Европа, само не е познато дали ќе оди и во САД.