Google им помага на Украинците со апликација за опасност

Објавено на 15.03.2022 во Новости



Google им помага на Украинците со апликација за опасност

Украински девелопери и Министерството за дигитална трансформација на Украина ги здружиле силите и направиле апликација за Android што ги предупредува корисниците на воздушна опасност. Апликацијата "Повітряна тривога" овозможува приказ на нотификации за поединечен град или регион, а поврзана е со системот за алармирање на украинската цивилна заштита.

На описот во Google Play, апликацијата активира гласно предупредување, дури и ако телефонот е намален, не бара никаква регистрација, не собира лични податоци, ниту геолокациски податоци. Апликацијата преземена над милион пати ја препознале во Google што одлучиле да ја нудат како препорачана апликација за корисниците во Украина.