Русите дозволија американскиот астронаут да се врати на Земјата безбедно

Објавено на 16.03.2022 во Новости



Русите дозволија американскиот астронаут да се врати на Земјата безбедно

Американскиот астронаут ќе се врати на Земјата со руска капсула, и тоа е добра информација со оглед на тоа што претходно се стравуваше дека нема да се дозволи безбедно враќање дома поради тензиите околу руската инвазија врз Украина. Марк Ванде Хеи (55) помина 355 дена во вселената и ќе се врати на Земјата во Казахстан. Двајца руски космонаути исто така ќе бидат вратени.

Дмитриј Рогозин, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, предупреди на санкции што предизвикуваат технички проблеми во Меѓународната вселенска станица (МВС), но НАСА соопшти дека таа продолжила да работи без проблеми. САД го контролира снабдувањето со електрична енергија и одржувањето на животот на ISS, а Русија го контролира погонот на вселенската станица.