Samsung Galaxy Z Flip 4: Испораката на екраните започнува за 2 недели

Објавено на 17.03.2022 во Новости



Samsung Galaxy Z Flip 4: Испораката на екраните започнува за 2 недели

Samsung Galaxy Z Flip 3 дефинитивно направи големи промени на пазарот, а Samsung во меѓувреме го развиваше и неговиот наследник, Galaxy Z Flip 4. Се уште нема официјални информации кога излегува следниот преклопен предводник на јужнокорејската компанија, но би се очекува во август или септември.

На Twitter протекоа информации дека панелите за екранот за следниот преклопен смартфон на Samsung стартуваат со испорака во април. "Samsung Display очекува да започне испораката со Z Flip 4 следниот месец, во исто време како Z Flip 3 минатата година. Само што се очекуваат многу повеќе парчиња за достава. Се очекуваат 8.7M панели во 2022 за Z Flip 4 наспроти 5.1M за Z Flip 3 во 2021“, гласи твитот на Рос Јанг