ЕСА ја суспендираше Русија, која ќе биде со самостојна мисија на Марс

Објавено на 19.03.2022 во Новости



ЕСА ја суспендираше Русија, која ќе биде со самостојна мисија на Марс

Европската вселенска агенција ја суспендира руско-европската мисија на Марс, затоа што Русија ја нападна Украина. 

„Длабоко жалиме за човечките жртви и трагичните последици од агресијата кон Украина. И покрај тоа што го препознава влијанието врз научното истражување на вселената, ЕСА е целосно усогласена со санкциите наметнати врз Русија од нејзините земји-членки“, пишува во соопштението на ЕСА.

После информацијата за суспендирањето на Русија, Дмитриј Рогозин, шефот на Роскосмос, одговори дека Русија ја прекинува соработката со Европа за вселенските лансирања и ќе престане да испорачува ракетни мотори за САД, истовремено планирајќи самостојна мисија на Марс.