После Instagram и Facebook, изгледа дека Русија ќе го блокира и YouTube

Објавено на 21.03.2022 во Новости



После Instagram и Facebook, изгледа дека Русија ќе го блокира и YouTube

Руските коринсици веќе не се достапни на Facebook и Instagram, а изгледа дека следниот сервис на црната листа ќе биде YouTube. Регулаторната комисија на Русија предупреди дека на YouTube се шират огласи со кои што се повикува на стопирање на комуникациските системи меѓу руската и белоруската железница и од Google побара нивно отстранување од видео сервисот.

“Потезите на администрацијата на YouTube се од терористичка природа и се закануваат за животот и здравјето на руските граѓани“, соопштуваат од Roskomnadzor.

Русија тврди дека ова е уште еден доказ за антируската настроеност на американските технолошки компании. Не е познато за какви огласи и видеа станува збор, но според информациите од доверливи извори, Google после предупредувањето ги отстранил.