Украина: Starlink е ефикасен, а секој втор ден стигнуваат нови терминали

Објавено на 21.03.2022 во Новости



Украина: Starlink е ефикасен, а секој втор ден стигнуваат нови терминали

Пристапот кон интернет во Украина беше отежнат поради руската инвазија, па затоа Starlink почна да ги пушта своите терминали за сателитски интернет. Заменик премиерот на Украина, Михајло Федоров, му се заблагодари повторно на Илон Маск, затоа што има одлична услуга и квалитет. 

Благодарение на Starlink, гражаните и државните институции имаат пристап кон интернет на места каде што имаше проблем со мрежата.