300 нови работни места за ИТ инженери – HTEC Group го отвори центарот за развој на технологии

Објавено на 21.03.2022 во Новости



300 нови работни места за ИТ инженери – HTEC Group го отвори центарот за развој на технологии

Новата инвестиција на HTEC Group поддржана од Владата има за цел да ја направи нашата држава еден од главните развојни центи во Европа.

На 18-ти март во Скопје, HTEC Group, најбрзо растечката ИТ компанија во Југоисточна Европа, ги отвори новите канцеларии на центарот за развој на технологии. Македонскиот технолошко-развоен центар на оваа компанија, кој се наоѓа во TCC Grand Plaza, во моментов брои 68 вработени, а целта е во наредните години бројот на вработени да се зголеми на 300 инженери, дизајнери и експерти од ИТ индустријата.

Настојуваме во сите земји од регионот, во кои работиме, да ги поврземе единствените професионални и креативни потенцијали со најинтересните инженерски предизвици на светско ниво. Нашите вработени имаат можност да се градат себеси како професионалци, да напредуваат во своите сфери на интерес, а воедно да останат во својот град, блиску до своето семејство и пријателите. Се стремиме интелектуалниот капитал да остане во матичната држава. Особено ни е значајна поддршката од Владата како и генерално олеснувањата за ИТ секторот ,“ изјави Шох.

Менаџерот за инженерство и испорака во HTEC Group, Васко Дреноски истакна дека македонските тимови имаат можност да работат со најголемите светски компании на сложени и иновативни проекти кои се вистински предизвик за секој ИТ инженер.

„Етаблирани сме како место каде светските гиганти од ИТ индустријата доаѓаат кога им треба брзо, стабилно и одржливо решение. Истовремено, подготвени сме да работиме на креирање производи – од скица до реализација, како и да ги поврземе нашите најискусни експерти со некои од најголемите светски компании. “, рече Дреновски.