Тесла ја отвори првата европска фабрика за електрични автомобили до Берлин

Објавено на 22.03.2022 во Новости



Тесла ја отвори првата европска фабрика за електрични автомобили до Берлин

Тесла Моторс денеска ја отвара новата фабрика за електрични автомобили во близина на Берлин, при што, Илон Маск на свеченоста ќе им ги предаде првите возила Model Y на оние што први нарачале.

Се разбира, при отварањето на фабриката се очекува присуство на германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за економија, Роберт Хабек. Новата Гигафактори (Gigafactory) е лоцирана во руралната покраина Бранденбург и ќе биде првиот погон за електрични автомобили на Тесла во Европа.