iPhone 14 може да заглави со истиот A15 Bionic процесор и истиот екран

Објавено на 22.03.2022 во Новости



iPhone 14 може да заглави со истиот A15 Bionic процесор и истиот екран

Минг-Чи Куо тврди дека Apple ќе го остави истиот чип во два модела на iPhone 14 серијата, т.е. A15 Bionic чипот што беше вграден во целата серија на iPhone 13 и iPhone SE 3. Другиот фактор што се остава ќе биде екранот.

@Shadow_Leak објави спецификации за iPhone 14 линијата. iPhone 14 ќе биде со 6.1-инчен екран, iPhone 14 Max ќе биде со 6.7-инчен екран и ќе бидат со A15 Bionic процесор, додека iPhone 14 Pro ќе биде со 6.1-инчен екран и iPhone 14 Pro Max ќе биде со 6.7-инчен екран. Последните два модела ќе бидат со A16 Bionic чип.

Pro моделите ќе бидат со LTPO панел од 60Hz, додека Pro верзиите ќе бидат со екрани од 120Hz