Samsung Galaxy Z Flip 3 5G е топ најпродаван преклопен смартфон за 2021

Објавено на 22.03.2022 во Новости



Samsung Galaxy Z Flip 3 5G е топ најпродаван преклопен смартфон за 2021

Преклопните смартфони се нов сегмент на пазарот на смартфони, каде што Samsung Electronics се лидери со најголем број на продадени парчиња. Најпопуларниот смартфон за 2021 година со 4,6 милиони испорачани парчиња е Samsung Galaxy Z Flip 3.

Ова е зголемување од 1.1 милион парчиња плус, во споредба со Galaxy Z Flip од 2020 година. Можеби еден од најважните фактори во спецификациите кај моделот од 2021 година е водоотпорноста. Samsung го доминира преклопниот пазар со учество од 61% во пазарот на преклопни смартфони. 

Автор: Aleksandar Stankov