Android 13 ќе ви олесни во отварањето на известувањата во split-screen

Објавено на 23.03.2022 во Android



Android 13 ќе ви олесни во отварањето на известувањата во split-screen

Следната голема надградба на Android ќе биде со Android 13, за кого веќе излегуваат слики со интерфејсот од оние што го тестираат. XDA-Developers даваат извештај дека ќе имате корисна алатка за известувањата што најверојатно пристигнуваат со Android 13, при што ќе имаме полесен мултитаскинг.

Google изгледа дека дава поголемо внимание на поголеми Android екрани, затоа што со претходната надградба на Android 12L беше додаден таскбар и обновени распореди за таблети и преклопни телефони, но се уште има голем простор за подобрувања. Изгледа дека Google планира да додаде повеќе алатки со Android 13. Ако сакате да ги разгледате повеќето, кликнете на овој линк и ќе ве одведе до сите објавени слики на Twitter.