Мултифолд е следниот концепт-дизајн на Samsung за преклопната технологија

Објавено на 23.03.2022 во Новости



Мултифолд е следниот концепт-дизајн на Samsung за преклопната технологија

Samsung веќе има уреди што се преклопуваат вертилано и хоризонтално, Z Flip и Z Fold преклопните смартфони. Дохиум Ким дал информации за LetsGoDigital, кои пак го изработиле концепт дизајнот за следниот модел како би можел да изгледа.

Новиот механизам за таканаречениот „оригами телефон“ се преклопува и хоризонтално и вертикално, што значи дека е со два механизми. Следната серија би можела да се нарекува Fold S.