Анонимуси ја хакирале руската Централна банка: За 48 часа ќе објавиме тајни договори

Објавено на 24.03.2022 во Новости



Анонимуси ја хакирале руската Централна банка: За 48 часа ќе објавиме тајни договори

Меѓународниот хакерски колектив Anonymous во четвортокот објави дека ја хакирал Централната банка на Русија, во време кога имаме руска инвазија врз Украина. Anonymous TV во објавата на Twitter напишал дека ја хакирале Централната банка на Русија и дека во следните 48 часа ќе објават над 35.000 датотеки и документи од тајни договори.

Станува збор за најновата серија на сајбер напади врз руските медиуми и интернет страници што се ставени под контрола на државата. Анонимуси од почетокот на инвазијата ја поддржуваат Украина и ветиле дека ќе ја казнат Русија за инвазијата на земјата.

Автор: Aleksandar Stankov