Европски парламент: Уште 10 години без роаминг во Европа

Објавено на 25.03.2022 во Новости



Европски парламент: Уште 10 години без роаминг во Европа

Сите граѓани на Европската унија во претходните 5 години уживаа во телефонија без роаминг во областа на цела ЕУ без дополнителни трошоци. Одлуката на Европскиот парламент важеше до 30 јуни, 2022 година.

Европскиот парламент на вчерашната седница донесе одлука за обнова на "Roam Like At Home" системот во рок од 10 години. Тоа значи дека корисниците и понатаму ќе може да ги користат своите смартфони во роаминг кога патуваат низ ЕУ без дополнителни трошоци. Квалитетот и мобилната врска нема да се намали во другите земји и ќе биде исто како и дома. 

Операторите што овозможуваат услуги ќе може да наплаќаат по 2 евра од 1GB кога корисник од друг оператор ќе ја користи нивната мрежа. Таа провизија ќе се намали на 1 евро во 2027 година.