Apple работи на нов систем за претплата со iPhone и iPad
Објавено на 26.03.2022 во Новости
Bloomberg објави дека Apple наводно работи на систем што од своите купувачи сака да направи претплатници. Apple во последните години се посвети на системот на претплати, како на пример за Apple Music, Apple TV Plus, Apple News Plus, Apple Fitness Plus и Apple Arcade, кои би можеле да се обединат во Apple One.
Според тоа, воведувањето на претплата за користење на iPhone и не е толку невозможна работа. Apple веќе го има AppleCare моделот со што се продолжува гаранцијата, а корисниците може да се одлучат и за програмата iPhone Upgrade, која што им овозможува да плаќаат Apple Care и iPhone во период од 24 месеци, но може да го заменат уредот за нов после 12 месеци.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.