Почина таткото на GIF, Стивен Вилхајт

Објавено на 26.03.2022 во Новости



Почина таткото на GIF, Стивен Вилхајт

Почина Стивен Вилхајт, човекот што го креираше GIF (Graphic Interchange Format) форматот на слика, на 74 годишна возраст од компликации предизвикани од коронавирусот. Неговата сопруга Кеталин ја потврди веста за „NPR“.

„Тоа дојде одеднаш. Едно утро се разбуди и рече: `Душо, не се чувствувам добро. Воопшто не се чувствувам добро`. Имаше треска, многу повраќаше. А потоа следниот ден почна многу да кашла“, раскажува таа.

GIF форматот бил создаден додека работел во компанијата CompuServe во 1980 година, како начин за пренос на големи слики во време кога брзината на интернет била само половина од онаа денес. Можноста за анимација дошла подоцна.