Анкета на Илон Маск: Дали алгоритмот на Twitter треба да биде со отворен код

Објавено на 26.03.2022 во Новости



Анкета на Илон Маск: Дали алгоритмот на Twitter треба да биде со отворен код

Илон Маск е познат по користењето на Twitter за изразување на своето спротивставено мислење. Тој за платформата сега вели дека не му се допаѓа новиот алгоритам, затоа што утврдил дека Twitter има „de facto пристасност“ во самиот алгоритам и затоа отворил анкета, во која што оставил две алтернативи, дали алгоритмот на Twitter треба да биде "open source": „да“ и „не“.

Маск тврди дека алгоритмот на Twitter треба да биде со отворен код, при што резултатите од анкетата се очигледни: 820.000 твитерџии, т.е. 83% од гласачите се согласиле со шефот на Tesla Motors.