Куо: Поголем 48MP сензор има зад камерата на iPhone 14 Pro

Објавено на 28.03.2022 во Новости



Куо: Поголем 48MP сензор има зад камерата на iPhone 14 Pro

Следните премиум смартфони на Apple ќе бидат iPhone 14 Pro и Pro Max, кои најверојатно ќе имаат здебелена испакнатина за камерата. Се разбира, тоа се должи на зголемената резолуција на камерата, тврди добро информираниот Минг-Чи Куо.

Протечената шема за iPhone 14 Pro и Pro Max индицираа дека уредите ќе го имаат истиот заден дизајн како претходниците, додека димензиите се сетирани за промена. Двата модела ќе изгледаат поголемо и нивната испакнатина на камерата ќе биде поголема. Новиот сензор од 48MP ќе го замени досегашниот 12MP сензор.