iPhone 14: Конечниот дизајн и спецификациите протекоа

Објавено на 29.03.2022 во Новости



iPhone 14: Конечниот дизајн и спецификациите протекоа

Apple iPhone 14 започнал со EVT тестирање, според аналитичарот Џеф Пу од Haitong International Securities. Се очекува iPhone 14 Pro да биде со 6.1-инчен екран, а Pro Max да биде со 6.7-инчен екран и 4nm A16 Bionic чип под хауба и дупка за селфи камерата, без никаков засек.

Испакнатината на задната камера ќе биде поголема, со главен сензор од 48MP, со што ќе стане еден од најдобрите смартфони за 2022 година. 6.1-инчениот iPhone 14 и 6.7-инчениот Max ќе бидат со 5nm A16 чип, истиот дизајн од предната и задната страна како моменталните модели, со најмалку 6GB RAM меморија.