Instagram воведува гласовна порака во Stories

Објавено на 30.03.2022 во Новости



Instagram воведува гласовна порака во Stories

Instagram наводно ќе им овозможи на корисниците да одговараат со гласовна порака на Stories. Софтверскиот инженер Алесандро Палуци ја објавил веста на Twitter

На фотографијата може да се види дека од десната страна во просторот за пораки, освен опција за GIF порака, има и икона со микрофон, која што ќе им овозможи на корисниците на Stories да одговорат со гласовна порака, покрај испраќањето на GIF, текстуална порака или реакција. Од Instagram не потврдуваат никаква информација официјално дали ќе ја имаме оваа функција во апликацијата.