Xiaomi ги најави новите 5G модели 11 Pro+ и 11S од Redmi Note серијата

Објавено на 31.03.2022 во Новости



Xiaomi ги најави новите 5G модели 11 Pro+ и 11S од Redmi Note серијата

Xiaomi најави нови модели од Redmi Note серијата: Redmi Note 11 Pro+ 5G и Redmi Note 11S 5G. Првиот Redmi смартфон со 120W полнење преку кабел, Redmi Note 11 Pro+ 5G ја полни батеријата од 4.500 mAh до 100% за само 15 минути. Дизајниран со најмодерното двојно полнење обезбедува и сигурност и стабилност на полнењето со над 40 безбедносни опции и TÜV Rheinland сертификат за Safe Fast-Charge System.

Доаѓа со главна камера од 108MP + 8MP + 2MP, 6,67 инчен FHD+ AMOLED DotDisplay, MediaTek Dimensity 920 процесор и го има во три верзии: 6GB + 128GB, 8GB + 128GB и 8GB + 256GB.

Redmi Note 11S 5G има MediaTek Dimensity 810 процесор со dual 5G SIM, голема батерија од 5000mAh, тројна камера од 50MP со вештачка интелигенција + 2MP + 8MP. Redmi Note 11S 5G ќе биде достапен во три верзии: 4GB + 64GB, 4GB + 128GB и 6GB + 128GB.





Прочитајте повеќе: