Spotify исплатил 7 милијарди долари за авторски права во 2021г.

Објавено на 01.04.2022 во Новости



Spotify исплатил 7 милијарди долари за авторски права во 2021г.

Стримингот ја спаси музичката индустрија, а за свој дел од тортата се борат компаниите како што се Spotify, Deezer, Apple Music, Tidal, и други. Најголем и најпознат меѓу нив е Spotify, кој што на корисниците им овозможува уживање во милиони песни за одредена месечна претплата, а достапна е дури и бесплатна верзија со ограничувања.

Spotify објави дека во 2021 година исплатиле 7 милијарди долари вкупно на сите музичари за авторски права. Компанијата досега вкупно исплатила околу 30 милијарди долари, при што ланскиот расход е двојно поголем во споредба на оној во 2017 година. Тогаш бил 3,3 милијарди долари. Ова значи дека на сите им одговара оваа исплата и овој модел функционира.