Претставена е новата серија на Xiaomi 12

Објавено на 02.04.2022 во Новости



Претставена е новата серија на Xiaomi 12

Новата серија на Xiaomi е со три модели: Xiaomi 12 Pro, Xiaomi 12 и Xiaomi 12X. Акцентот кај Xiaomi 12 е ставен на моќниот хардвер и издржливата батерија. Xiaomi 12 Pro и Xiaomi 12 е со набрзата и најнапредната мобилна платформа Snapdragon 8 Gen 1, која што ги зголемува можностите на графичкото рендерирање на графичката картичка за 30% и енергетската ефикасност за 25% во споредба со претходната генерација.

Сите три модели доаѓаат со три камери на задниот дел на уредот со главната широкоаголна камера со резолуција од 50MP. Xiaomi 12 Pro може да се пофали со 50MP Sony IMX707 ултра широк главен сензор, со можности за пропуштање на голема светлина. Xiaomi 12 и Xiaomi 12X имаат ултраширока камера од 13MP, заедно со телемакро камерата од 5MP. 

12 Pro доаѓа со 4600mAh батерија со HyperCharge полнење од 120W со кој што батеријата ќе се наполни за 18 минути во Boost модулот. Xiaomi 12 и Xiaomi 12X доаѓаат со батерија со капацитет од 4500mAh и поддржуваат 67W турбо полнење. Xiaomi 12 Pro и Xiaomi 12 исто така поддржуваат 50W безжично полнење и 10W реверзибилно полнење. Сите три модели и смарт часовникот Xiaomi Watch S1 Series, слушалките Xiaomi Buds 3T Pro и Xiaomi Buds 3 од почетокот на април се достапни на нашиот пазар.