Google Pixel 6a пристигнува со третата генерација на Tensor

Објавено на 04.04.2022 во Новости



Google Pixel 6a пристигнува со третата генерација на Tensor

Google во октомври минатата година ја претстави новата генерација на смартфони, специфична по процесорот. Pixel 6 и Pixel 6 Pro се првите смартфони со Tensor чипот, кој е во сопственост на Google. Благодарение на него, уредите имаат многу побрза работа на процесорот, особено графиката во споредба со своите претходници. Tensor е дизајниран за моделите со машинско учење, што значи дека сега ќе има многу повеќе опции со Google Assistant, Google Translate, Google Photos и други.

Третата генерација на Tensor би требало да биде вградена во следните модели на Pixel 6a. На интернет се објави и првата фотографија од следната серија на Google смартфоните. Резолуцијата на главната камера ќе изнесува 12MP, додека покрај неа ќе има ултраширока камера со 12,2MP сензор.  Предната камера ќе биде со 8MP, ќе има 6,2-инчен OLED екран и батерија со капацитет од 5000 mAh.