Сакате ли да споделите YouTube видео на Snapchat? Ви треба само еден клик

Објавено на 04.04.2022 во Новости



Сакате ли да споделите YouTube видео на Snapchat? Ви треба само еден клик

Snapchat корисниците добија опција со која што им се олеснува споделувањето на YouTube видеа во своите објави, наместо досегашното копирање, лепење и додавање на видеа како линк, сега ќе биде доволен само еден клик. Треба да одите на YouTube видеото што сакате да го споделите, да кликнете на споделување и да одберете Snapchat.

Така видеото автоматски ќе се појави во галеријата со облик на лепенка со името на видеото, мала слика и потпис со авторот на видеото. Корисниците може да снимаат сопствено видео и да стават стикер во видеото или пак да додадат своја фотографија.