Новата опција автоматски ја менува Gboard QWERTY тастатурата во новиот јазик што пишувате

Објавено на 04.04.2022 во Новости



Новата опција автоматски ја менува Gboard QWERTY тастатурата во новиот јазик што пишувате

Google објави надградба за Gboard virtual QWERTY апликацијата, што автоматски го препознава јазикот што го внесувате во QWERTY тастатурата, и покрај тоа што не е јазикот на вашиот уред. Ако јазикот ви е ставен на англиски и внесете да пишувате на шпански јазик, автоматски ќе ви се отвори шпанската тастатура со шпански фонт на QWERTY во вашата Google Translate апикација. 

Google Translate автоматски ја менува тастатурата, што ве спасува да не мора да одите во поставките на Gboard, за да направите промена на тастатурата. Кога ќе ја затворите Google Translate апликацијата, QWERTY се враќа на вашиот јазик повторно, во овој случај на англиски јазик. Новата опција е достапна за Pixel 6 Pro со Gboard 11.6 верзијата и Google Translate 6.33. За да проверите која верзија ја имате, одете во Settings > Apps > See all apps. Најдете ги Gboard и Translate и проверете ги.