Илон Маск открива дека има 9,2% удел во Twitter, изгледа сака да го купи

Објавено на 05.04.2022 во Новости



Илон Маск открива дека има 9,2% удел во Twitter, изгледа сака да го купи

Акциите на Twitter вчера пораснаа откако милијардерот Илон Маск го откри својот пасивен удел во социјалната мрежа и после неговите критики за правилата за објава на содржини на платформата. Документите поднесени до американската Комисија за хартии од вредност и берза (SEC) покажуваат дека Маск сега поседува 9,2% од акциите во Twitter, и тоа од 14 март.

Кон крајот на март, Илон Маск изјави дека сериозно размислува за почнување со сопствена компанија за социјална мрежа и го обвини Twitter за непочитување на начелата за слобода на говор, што во основа ја поткопува демократијата. Аналитичарот Ден Ајвс вели дека тој удел би можел да биде вовед кон целосна понуда за преземање на групацијата со седиште во Сан Франциско, со пазарна вредност од 32 милијарди долари. 

Автор: Aleksandar Stankov