Truth Social на Доналд Трамп се претвори во вистинска катастрофа, апликацијата е недостапна

Објавено на 05.04.2022 во Новости



Truth Social на Доналд Трамп се претвори во вистинска катастрофа, апликацијата е недостапна

Во октомври 2021 година, поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека планира да покрене револуционерна технолошка компанија. „Го создадов Truth Social, со цел да се спротивставам на тиранијата на технолошките компании. Живееме во свет во кој што талибанците се многу присутни на Twitter, но вашиот омилен американски претседател е исфрлен“, рече Трамп.

Апликацијата Truth Social беше стартувана на Денот на претседателот, 21 февруари, но само 6 седмици подоцна, полна е со проблеми. Речиси 1,5 милиони луѓе што ја преземале апликацијата не можат ниту да ја користат. Truth Social е многу сличен со Twitter