50% од сопствениците за прв пат купиле криптовалути во 2021г.

Објавено на 05.04.2022 во Новости



50% од сопствениците за прв пат купиле криптовалути во 2021г.

Bitcoin и криптовалутите станаа добро познати на јавноста во 2017 година, кога почна криптогрозниацата, која што за некои беше мајка, а за други маќеа. Некои се збогатија, а други ја изгубија својата животна заштеда и се задолжија. 

Во 2020 година следуваше голем раст на криптото. Се разбира, потоа имаше пад, но повторно имаше раст на крајот на 2021 година со рекордно високи цени на алткоините. Но со текот на времето порасна интересот за вложување во крипто и виртуелните валути. Во 2021 година сите полудеа по крипто, што компанијата Gemini го потврдила со истражување. Над 30 илјади лица се анкетирани од 20 различни земји и според нив речиси половина од сопствениците на виртуелни валути за прв пат купиле криптовалути минатата година.