Twitter би можел да добие Edit копче благодарение на Илон Маск
Објавено на 06.04.2022 во Новости
За само 24 часа, Илон Маск го затресе Twitter. Акциите на компанијата пораснаа, а благодарение на него, социјалната мрежа би можела да добие Edit копче. За кратко време, Twitter објави анкета за да ги праша корисниците дали сакаат можност за уредување на постот на Twitter.
Досега гласале над 3 милиони корисници на анкетата, што значи дека резултатите се за дефинитивно воведување на Edit опција. Објавата на Маск ја ретвитнал и извршниот директор на Параг Агравал, со коментар дека „последиците од ова ќе бидат многу важни“.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.