Шефот на Binance: Криптовалутите не може да се забранат поради санкциите врз Русија

Објавено на 06.04.2022 во Новости



Шефот на Binance: Криптовалутите не може да се забранат поради санкциите врз Русија

Русија е на голем удар од санкции, а списоко со тие санкции постојано се зголемува. Европските држави дефинитивно не сакаат да наметнат само една санкција: нафтата и гасот. Откако се наметнаа санкциите, сите сметаат дека постои релативно едноставен начин на кој може да се прекршат, а тоа е плаќањето со криптовалути.

Со bitcoin и другите крипто години се врзува имиџот на валутата, која што се користи за плаќање на илегални нешта, затоа што таквите трансакции не може да се следат, односно нивното следење е исклучително тешко. Токму поради тоа, предупредуваат од делот на финансиските кругови во САД и ЕУ. 

Шефот на криптоберзата Binance, Чангпенг Жао, објаснува дека се неосновани мислењата дека со крипто се прекршуваат санкциите и дека е тоа мит денес, затоа што денес може да се извршуваат крипто трансакции во цел свет. Жао тврди дека тие ги блокираат сите лица што се под санкции или се поврзани со лица што се под санкции (нивните адвокати, сопружници, итн). Тоа што не сакаат да го направат е да го замрзнат имотот на руските корисници, затоа што тоа е илегално и не смеат тие да одлучуваат за тоа. 

Автор: Aleksandar Stankov